ФЕЈСБУК: Новата година ќе донесе нови правила
Сите корисници на социјалната мрежа утрово се разбудија со известување од службата на Фејсбук.
Фејсбук денеска сите корисници ги известил за претстојните промени на условите за употреба како би се овозможила поголема контрола над податоците, можноста за директно купување од Фејсбук, ограничување на реклами ...
Најважни се промените во условите за употреба со ново поглавје, посветено на Основните политики на приватност. Во Фејсбук велат дека Основните политики на приватност ги воведуваат како на корисниците би им помогнале содржината да ја споделат со саканата публика.
Исто така, корисниците ќе можат да дознаат повеќе за прекинувањето на пријателството и блокирањето на корисниците со начин на кој избираат публика која може да ја види секоја поедина објава.
Новина е и поголема контрола над огласите. Сега отстранувањето од поедини видови на реклама ќе бидат усогласени со сите уреди со кои се служат корисниците. Повеќе нема да се случи поедина реклама да избриша од компјутерот, но тоа нема влијание на мобилните уреди, на кои таквите огласи и понатаму се прикажуваат.
Во Фејсбук експериментираат и со копчето Купи, односно со новите начини на плаќање што наскоро би требало да доведе до можност за директно купување од Фејсбук, без потреба за одење на друга веб страна.
Корисниците кои тоа ги интересира може да дознаат на кој начин Фејсбук ги употребува добиените податоци од мобилните уреди и на кој начин нивните податоци се делат со огласувачите.
Пошироко за сите промени може да прочитате во официјалното известување, а сите промени стапуваат на сила на 1 јануари 2015 година.
