Фејсбук ќе тестира сопствени криптовалути: каде оди иднината на оваа компанија
Фејсбук го приведува при крај проектот за воведување на сопствена криптовалута, која би требало да стане официјална следната година.
Како што пренесе БиБиСи , компанијата планира да започне со тестирање на криптовалути, чие интерно име е GlobalCoin, до крајот на 2019 година.
Повеќе детали околу овој проект би требало да бидат соопштени ова лето, и претставници на компанијата веќе разговарале со гувернерот на банката на Англија Марко Карни за ова.
Фејсбук исто така барал совет околу оперативни и регуларни теми од претставници од Министерството за финансии на САД.
Во тек се и преговори со компании како Western Union бидејќи Фејсбук бара побрз и поевтин начин за луѓето кои немаат отворени сметки во банки да праќаат и примаат пари.
