Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фејсбук“ го стартува видеочетот на „Месинџер“

„Фејсбук“ го стартува видеочетот на „Месинџер“

Facebook почна постепено со воведување на видеочат на Messenger. Со оваа услуга социјалната мрежа станува директен конкурент на Skype.

Засега видеочатот ќе е достапен само за мобилните оперативни системи „iOS“ и „Android“. Корисниците ќе можат да им ѕвонат на своите пријатели од телефонот, дури и ако едниот користи „Android“, а другиот „iOS“. Со видео комуникацијата ќе се прошири комуникацијата во реално време на повеќе од 600 милиони луѓе кои ја користат оваа апликацијата.

Услугата е бесплатна и стартува пробно во неколку држави. Постепено ќе биде активирана и за останатите региони, со што компанијата планира да биде подготвена во рамките на следните неколку месеци. Видео разговорите се со HD квалитет и не е ограничено нивното траење.

Во почетокот на минатиот месец Facebook објави дека е можно да се вршат плаќања за користење на Messenger. Исто така се тестира опцијата за купувања директно од страната на најголемата социјална мрежа.

Слично

Поврзани вести