Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фармерите побараа итно носење на Буџетот, стравуваат од доцнење на субвенциите

Фармерите побараа итно носење на Буџетот, стравуваат од доцнење на субвенциите

Од Федерацијата на фармери на Македонија изразија загриженост за недонесувањето на буџетот. Стравуваат дека со доцнењето на буџетот ќе значи и дека нема да започне навреме реализацијата на програмите за развој на земјоделството.Затоа апелираат на негово донесување во најбрз можен рок за да почне спроведувањето на програмите за субвенции и за рурален развој.

Во соопштението издадено по повод вчерашните изјави на претставници на СДСМ поврзани со Федерацијата, се наведува дека ФФРМ како непартиска и неполитичка организација е отворена за комуникација со сите што ќе изразат желба да ги посетат, но оти никогаш нема да дозволат да бидат вклучени во партиски маркетинг и да заземаат политички страни.

„Единствен фокус во нашата работа се земјоделците во нашата држава и нивните земјоделски интереси. И затоа апелираме до сите политички партии да не не инволвираат во партиски настани“, стои во соопштението.

Слично

Поврзани вести