Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фармерите да поднесат барања за субвенционирање на осигурувањето на добитокот

Фармерите да поднесат барања за субвенционирање на осигурувањето на добитокот

Фармерите годинава за прв пат можат да поднесуваат барања за субвенционирање на осигурувањето на добитокот.

Ваква услуга досега добиваа само земјоделците кои произведуваа храна од растително потекло. Земјоделците за да го осигураат добитокот треба да  поднесат барање во подрачната единица на Министерството за земјоделство до 31 август годинава.

Досега сточарите полисата ја плаќаа целосно, а со измените на Законот за земјоделство од оваа година имаат право да поднесуваат барања за субвенционирање.

Земјоделците за осигурување на добитокот во просек плаќале по 12,5 милиони денари годишно , а со 60 проценти субвенции овој трошок се намалува и ќе ги чини 7,5 милиони денари.

Слично

Поврзани вести