Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАНТАСТИЧЕН ПОДВИГ: Пеш отишла на Јужниот пол

ФАНТАСТИЧЕН ПОДВИГ: Пеш отишла на Јужниот пол

Малгорзата Војтачка од Полска за 69 дена пеш успеала да стигне на Јужниот пол, пренесоа денеска полските медиуми. 

Таа е прва жена од Полска која се нафатила на еден  ваков подвиг. Пред оваа жена која е родена во Вроцлав, Французинката Лоранс де ла Фериер го поставила рекордот во 1997 година. 

И двете жени 1.300 км поминале на скии, а со себе носеле опрема, шатор, храна. 

Поминале превој од 2.700 метри, за да стигнат на Јужен пол на надморска височина од 2.835 метри. 

Војтачка дневно поминувала по 20 км, а кога имало силен ветер успорувала со движењето. 

Раскажува дека последните 100 км биле најтешки, а последниот ден оделе 24 часа без престан. 

„Животот е убав, вредеше“ - вели оваа жена откако стигна на целта. 

Таа се занимава со крстарење по поларни региони. 

Слично

Поврзани вести