„Факултети мк“ прослави четири години постоење
Денес е петти ден од четвртиот месец во годината. За многумина вчераната сабота беше за пиење кафе со друштвото, но за некој беше денот на кој пред четири години пред сите се претстави како „Факултети.мк“.
Се' започна со една едноставна, но генијална идеја. Ја препознаа потребата од едно место на кое може да се најдат сите информации за студентите. Планот беше да го овозможат создавањето на таквото место. Тогаш студенти, работеа напорно на дизајнирање, програмирање, пишување и наоѓање информации за резултатот да биде барем близу до посакуваната цел. Реакцијата од јавноста им покажа дека добија многу повеќе од посакуваното.
Четири години подоцна, „Факултети.мк“ е препознатлив бренд, медиум и студентски информатор посетуван од илјадници сегашни и идни студенти секојдневно. Три години по ред се прогласувани за најпопуларен сајт на годината според гласовите на публиката. Овие награди им покажуваат дека треба да продолжат понатаму и да се трудат да бидат уште подобри!
Стотината интервјуа со успешни студенти и професионалци, влијателни лица и компании од земјата и светот; илјадниците текстови и известувања во областа на образованието; илјадниците објавени можности за студирање, работа, пракса и престој во странство; стотината објавени студентски колумни; стотината соработници од земјата и надвор се само дел од нивните достигнувања досега. Но, тие не застанувааттука.
Следуваат уште многу нови проекти, соработки, можности за сите млади луѓе кои ги подготвуваат за нивните читатели. Секојдневно работат на зголемување на наивниот квалитет за да го направат „Факултети.мк“ место за учење, дознавање и добивање, наместо губење време. Нивна мисија е да бидат едукативни, иновативни и различни и ве уверуват дека тоа ќе го добиете од нив и во иднина.
Среќен роденден Факултети.мк и продолжете така!
