Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО ОД ЛОНДОН: Следете го одблизу спектакуларниот Samsung Galaxy Unpacked 2026

ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО ОД ЛОНДОН: Следете го одблизу спектакуларниот Samsung Galaxy Unpacked 2026

Најголемиот технолошки настан на летото пристигнува директно од срцето на Велика Британија, а читателите на Фактор ќе имаат можност премиерно и ексклузивно да бидат во центарот на сите случувања!

Утре, на 22 јули во Лондон, светскиот технолошки гигант Samsung ќе го одржи својот спектакуларен настан Galaxy Unpacked, каде што пред глобалната јавност ќе ја открие новата генерација на паметни уреди. Нашата новинарска екипа ќе известува директно од лице место, овозможувајќи ви први да ги откриете сите иновации што го обликуваат дигиталниот свет.

Што нè очекува на овогодишниот Unpacked во Лондон?

Лондон е познат како метропола што ги диктира глобалните трендови, а Samsung токму тука одлучи да ја отвори новата ера на преклопливи уреди, вештачка интелигенција и паметни гаџети. Ексклузивно од Лондон, читателите на Фактор ќе имаат прилика од прва рака да видат:

•Револуција кај преклопливите телефони: Премиерно претставување на новата Galaxy Z серија

•Нова ера на технологија за носење: Паметни часовници кои го олеснуваат вашето секојдневие;

•Напредни Galaxy AI функционалности: Како најновата вештачка интелигенција целосно ги менува секојдневните навики, продуктивноста и дигиталната комуникација.

Бидете чекор пред сите со Фактор

Преку специјалните репортажи, фото-галерии, видео-снимки и први впечатоци директно од #GalaxyUnpacked од Лондон, Фактор ќе ги пренесе сите детали, спецификации и официјални информации за достапноста на новите модели.

Следете нѐ и бидете дел од светската технолошка револуција во живо од Лондон!

Слично

Поврзани вести