Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР е награден во категоријата најдобар бизнис портал за 2013

ФАКТОР е награден во категоријата најдобар бизнис портал за 2013
Порталот Република.мк е прогласен за Сајт на годината во Македонија на прогласувањето што денеска се одржа во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје во организација на компанијата Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk. Победници во засебните категории се: „Факултети“ (според гласови на интернет-посетителите), „Нова“(информативен)„Карас фор трејнинг“ (блог), „Екипа“ (спортски),  Младински образовен форум (невладини организации), „Сакам книги“ (образование), Управа за јавни приходи (владини / државни институции), „Кајгана“ (мобилен), ВИП оператор (бизнис-корпоративен), „Вработување“ (бизнис-информативен), „Групер“ (е-трговија), „Оф нет“ (забавен), , „Биди таму“ (најиновативен) и „Централа“ (дизајн). Годинава за првпат беше доделена и награда за специјални достигнувања во интернет-просторот во регионот со која се закити „Рајфајзен банк“, компанија што постојано инвестира во подобар квалитет на веб-сервисите. Фактор наградата ја доби во категоријата бизнис/информативен сајт, каде на прво место е Вработување.мк, па следуваат Капитал и Фактор. Во конкуренција за титулата беа над 500 домашни веб-адреси.
Слично

Поврзани вести