Факти кои не сте ги знаеле за градот на Марадона
Неапол е град со богата гастрономија и историја, град кој во осумдесетите го прослави Диего Армандо Марадона.
Сепак, има факти важни за градот кои не ги знаете.
- градот е стар најмалку 2.800 години
- името потекнува од грчки збор Неаполис што значи нов град
- историскиот дел на градот има 1700 хектари и по тоа е најголем во Европа
- пицата Маргарита името го добила по истоимената кралица која во 1889 година била во Неапол
- првата пицерија во светот е отворена во овој град во 1830 година
- градот има три дворци
- Неапол бил под власта на Австријци, Шпанци и Бурбони
- во близина е вулканот Везув под кој живеат 600.000 луѓе
- кога Неапол го освоил фудбалскиот куп во 1987 година, предводен од Марадона на гробиштата се појавил транспарент на кој пишувало „Мртви, не знаете што сте пропуштиле““
