Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фаерстартерот“ на Продиџи пронајден мртов

„Фаерстартерот“ на Продиџи пронајден мртов

Ексцентричниот фронтмен на „Продиџи“, Кит Флинт, инаку запаметен по своите изведби на мега-хитовите Breathe и Firestarter е пронајден мртов во својот дом во Есекс денеска  наутро.

Полицијата соопшти дека биле "повикани поради загриженост за состојбата на еден човек", но за жал, според извештајот, „49-годишен маж беше пронајден мртов на местото на настанот“

Смртта не се третира како сомнителна и ќе биде подготвено досие по обдукцијата.

Флинт неодамна се врати во Велика Британија од турнеја низ Австралија; и требаше да започне турнеја низ САД во мај.


Слично

Поврзани вести