Facebook со нова социјална мрежа за бизниси
Facebook започна со нова социјална мрежа која ќе биде насочена кон претставниците на бизнисот.
„Facebook at Work“ ќе стартува во наредните месеци.
Новата услуга нема да се разликува којзнае колку од веќе познатата. Пак ќе има поле со вести, допаѓања и чет функција.
„Јас би рекол дека 95% од она што го развивме за Facebook, е вклучено во Facebook at Work“, тврди Џулиен Кодорниу, директор глобални партнерства во компанијата.
Но корисниците на Facebook at Work ќе имаат посебни профили кои ќе се разликуваат од оние во масовната верзија. Од Facebook планираат да предложат и дополнителни услуги кои ќе се само за професионалната мрежа.
Новата верзија ќе биде платена. Очекувањата се цената ќе биде "неколку долари месечно на корисник". Во неа, сепак, ќе се вклучени бонус услуги како анализи и одржување.
