Економија, финансии, бизнис

Контакт

Facebook сака да направи конкурент на апликацијата Snapchat

Facebook сака да направи конкурент на апликацијата Snapchat

Facebook го сфати Snapchat многу сериозно откако не успеа да ја купи оваа апликација за видео пораки и пораки со фотографии за три милијарди долари минатата година. Марк Цукерберг лично ги следи нивните напори да изградат конкурент на оваа апликација, се поачува во најновиот извештај на „Фајненшал Тајмс“. Деталите за апликацијата на Facebook се многу мали, а доколку гласините се точни апликацијата ќе се вика Slingshot и можно е да  биде претставена овој месец. Секако, не е прв пат Facebook да се обидува да ја ископира формулата на Snapchat, а Slingshot би требало да биде самостојна мобилна апликација одвоена од главната Facebook апликација.

Слично

Поврзани вести