Facebook ќе почне да им дава приоритет на побрзите сајтови во News Feed
Facebook сака луѓето да го чувствуваат интернет побрз и ја користи својата моќ на најголема социјална мрежа во светот, за да се постигне тоа. Од следниот месец платформата ќе започне да филтрира статии во News Feed, така што планира да ги казни оние кои бавно се вчитуваат и да ги наградат побрзите, пренесува CNET.
"Причината е дека само луѓето го сакаат тоа", објаснува Грег Мара, продукт менаџер на Facebook, кој се занимава конкретно со News Feed. Тој објаснува дека бавните линкови се едни од најголемите надразнувачи за корисниците и доказ за тоа се податоците од поднесените повратни линкови до Facebook.
"Разочарувачки е кога Линкот трае премногу долго време, додека се вчита", коментира уште Мара, додавајќи дека причините на компанијата да го преземе овој чекор се навистина оправдани.
Истражување на компанијата за технолошки консултации Aberdeen Group пример покажа дека половина од посетителите на веб-сајтови имаат тенденција да се откажат и да го напуштат, ако тој не вчита во рок од 3 секунди.
Сегашниот потег на Facebook е чекор напред кон тоа да ги казни бавните сајтови, но всушност тоа не е првата компанија која презела слични активности. Пред две години на пример Google ги промени резултатите во мобилниот пребарувач, така што одлучи да покажува само страници кои изгледаат добро на мал екран.
При воведувањето на новите стандарди Facebook ќе се води како со брзината на сајтот, така и со онаа на мрежата на корисникот. Идејата е дека колку побавни се сајтовите, толку надолу во платформаат со вести ќе се наоѓаат тие. Издавачите сепак сами ќе треба да го следат тоа каде се позиционира нивниот медиум и дали одговара на стандардите за брзина на Facebook.
Врските кон бавните сајтови сепак нема да исчезнат, станува јасно од зборовите на Мара. "Ако има меѓу нив такви кои процениме дека се навистина важни за вас, тогаш ќе продолжите да ги гледате во News Feed", објаснува тој и додава дека сето тоа е во обид да се одговори на бараните повратни врски од корисниците.
Објавувајќи ги иновациите месец порано, Facebook им дава време на издавачите да ги направат потребните промени во нивните сајтови. Компанијата исто така има објавено на блогот кратки совети за тоа како може да се оптимизира брзината за мобилни уреди.
"Се надеваме дека оваа промена ќе им помогне на луѓето да видат повеќе од она што се заинтересирани", вели Мара.
