Економија, финансии, бизнис

Контакт

Facebook и медиумите – брак од корист

Facebook и медиумите – брак од корист
Instant articles е новата услуга на Facebook, која социјалната мрежа ја објави на 12 мај, во партнерство со девет компании, меѓу кои New York Times, Guardian и National Geographic. Корисниците на Facebook ќе може да прочитаaт написи од овие изданија, без да ја напиштат социјалната мрежа, бидејќи таа ќе ги објави целите статии, а не само линковите кои ги водат читателите до оригиналното место на сајтовите на медиумите. Во замена пак медиумите ќе можат да нудат реклама, која ќе се појави до статиите, и ќе ги задржат целите приходи од неа или ќе дозволат на Facebook да продава рекламна површина со попуст од 30 отсто. Тоа зародишно партнерство е доказ за растечкото влијание на Facebook во медиумскиот бизнис, пишува во својата анализа The Economist. Печатените и онлајн медиумите станаа зависни од социјалната мрежа, која доставува читатели кон нив. Амандмани на алгоритмот на Facebook сепак можат да го променат прилично значително и драматично сообраќајот кон сајтовите. Околу 15% од сообраќајот на New York Times доаѓа од Facebook, кај некои сајтови за вести овој удел е над 50%. Новинските компании веќе имаат легии на фанови на Facebook. Преку ова партнерство издавачите успеваат да стигнат до нова публика, додека Facebook ќе спречи пренасочување на своите корисници и може да понуди повеќе рекламирање. Но тоа пријателство не е без компликации. Facebook стана веќе Голијат со своите 1,4 милијарди корисници и контролира околу 9% од онлајн рекламирањето во глобален аспект. Весниците сега ризикуваат да и дадат уште поголема власт на социјалната мрежа, ако ги натераат младите корисници на Facebook да веруваат дека можат да добијат се од што имаат потреба, одеднаш. Така може да ја намалат привлечноста на своите сајтови. Постојат голем број примери за компании кои им го предале целиот свој бизнис на Facebook и пропаднаа. Да го земеме за пример Zynga, компанија за онлајн игри која напредува, додека Facebook не ја промени фреквенцијата со која корисниците нејзини ги гледаат известувања од пријатели кои се фалат преку нив со своите достигнувања. Неодамна новинските компании се обидоа да преземат повеќе аналитички пат кон својот онлајн бизнис. Некои од нив вработија тимови од специјалисти за податоци или ги користат услугите на компании за анализа на сообраќајот како ChartBeat, за да им помогнат да следат во реално време од каде доаѓаат читателите. Во исто време, сепак постои опасност да се обрне премногу големо внимание на бројот на посетителите од социјалната мрежа, за сметка на времето што луѓето го поминуваат на сајтовите, вели медиумскиот претприемач Гордон Кровиц. Но и други компании ќе го следат примерот на Facebook. "Одеднаш се појави голема конкуренција меѓу социјалните мрежи за првокласна содржина", тврди Едвард Расел, шеф на одделот за "Иновации" во медиумската компанија Dow Jones. Претходно во текот на годината услугата за кратки пораки Snapchat, започна да им нуди на своите корисници вести од селектирана група свои партнери. Пол Зуилнберг од Boston Consulting Group предвидува дека некои социјални мрежи, меѓу кои и Facebook, ќе почнат да плаќаат на издавачите за да добиваат нивна содржина. Ова може да ја намали ранливоста на компаниите кон постојаните промени во алгоритмите на одредена социјална мрежа. Меѓутоа, сепак најголемиот ризик на издавачите е социјалните мрежи да продолжат да се трансформираат себеси во насока на современ весник, создавајќи содржина, која ветува корисници и продавајќи го нивното внимание на реклами. К.К.
Слично

Поврзани вести