Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската комисја предлага: Нема алкохол пред 25-та година ?

Европската комисја предлага: Нема алкохол пред 25-та година ?

Поради фактот дека младите Европјани се опијануваат барем еднаш неделно Европската комисја донесе Акционен план за конзумација на алкохол и претерано пиење кај младите.

Целта е да се одложи конзумацијата на алкохолот во тинејџерските возрасти, да се намали количината на испиениот алкохол и да се намали штетата која ја трпат децата во семјствата кои имаат проблеми со алкохолизмот. ЕК на државите им предлага границата под која нема да се продава ниту служи алкохол да се помести на 25 години.

Се предлага и намалување на допуштената концентрација на алкохол во крфта на младите возачи и професионални возачи кои превезуваат деца, полициска контрола на патиштата и брзи и одлучни мерки кон прекршувачите.

Според истражувањето од 2011 година, повеќе од 40 одсто од младите во Европа се изјаснуваат дека претерано пијат најмалку еднаш неделно, а 81 одсто од нив имаат лесен пристап до алкохолот.

Се смета дека поради болести и прерана смрт, заболувања и невработеност кои се последици на алкохол, Европската унија годишно губи повеќе од 150 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести