Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европејците штедат на пиво, Хајнекен со раст во остатокот од светот

Европејците штедат на пиво, Хајнекен со раст во остатокот од светот
Холандската пивара Хајнекен објави скок  од скоро 10 процентиво во нето добивката во третиот квартал, 577 милиони евра, поради зголемениот апетит за пиво во светот, со исклучок на Западна Европа. Продажбата во Европа ја уништија мерките за штедење, стои во соопштението на компанијата. Приходот достигна до 4.97 милијарди евра, што е 7,1 процент повеќе отколку во истиот период минатата година. Во регионот Азија и Пацификот, побарувачката за Хајнекен пиво е зголемена за 4,8 отсто, во Северна и Јужна Америка за 4,4 отсто, а во Африка и на Блискиот Исток за 3,5 отсто. Во Западна Европа, побарувачката за пиво падна 2,1 отсто. Најголемиот пад е забележан во Португалија.  Хајнекен е меѓу првите пет производители на пиво во светот. Основана e во 19 век, а произведува и продава повеќе од 200 видови на пиво и ликер, вклучувајќи ги овде Хајнекен и Амстел.
Слично

Поврзани вести