Евроинс Осигурување АД Скопје ќе издаде седма емисија акции
Комисијата за хартии на Евроинс Осигурување АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Со седмата емисија, Евроинс Осигурување АД Скопје ќе издаде 732 обични акции со продажна цена од 31.530 денари по акција.Вкупниот продажен износ на емисијата е 23.079.960 денари. Акциите се наменети за познат купувач и тоа за институционалниот инвеститор и постојан акционер Еуроинс Иншуранс Груп ЕАД, Софија, Република Бугарија.
Преку зголемување на основната главнина со парични влогови, Евроинс Осигурување АД Скопје има цел да го зајакне капиталот и да се усогласи со одредбите на Законот за супервизија на осигурувањето.
Слично
