Евроинс Осигурување се сели на нова локација
Осигурителната компанија Евроинс Осигурување АД Скопје, изврши промена на седиштето.
Новото седиште на Друштвото е на адреса: Ул.Скупи бр.12, Карпош, 1000 Скопје. Работното време останува исто, секој работен ден од 08-16 часот.
„За обезбедување на уште подобра услуга за нашите клиенти се селиме на нова локација, во поголем простор, пријатен амбиент и околина“, соопштија од Евроинс Осигурување АД Скопје.
Новиот објект е со површина од 2140 м2, а во рамки на истата деловна зграда ќе бидат и останатите членки на ЕВРОХОЛД групата:
- Евролиз Ауто ДООЕЛ Скопје,Акционерско друштво за финансиски лизинг
- Стар Моторс ДООЕЛ, официјален увозник на возилата Мazda за Македонија
Слично
