Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВН во акција, се бараат крадците на струја!

ЕВН во акција, се бараат крадците на струја!

По спроведените контроли кај корисници на електрична енергија во Охрид, Ресен и Дебрца, екипите на ЕВН утврдиле 28 случаи на кражби на електрична енергија, за што против сите се поднесени соодветни пресметки за неовластено користење струја и кривични пријави.

„Од извршените контроли на 228 мерни места, утврдени биле 28 кражби и тоа кај 90 проценти од нив по пат на директна манипулација на броилото, додека останатите преку премостување на броилото или директно приклучување на мрежа без броило“, соопштуваат од ЕВН.

Податоците од ЕВН покажуваат дека од почетокот на годината при спроведени 600 контроли на територијата на општините Охрид, Ресен и Дебарца се откриени над 58 слуачаи на кражби на електрична енергија, а  судска разрешница чекаат и 40-тина случаи во Охрид и околните населени места на крајот на 2012 година.

Од ЕВН најавуваат засилени контроли и во текот на овој месец.

Слично

Поврзани вести