Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВН откри 10 нови неовластени корисници на електрична енергија

ЕВН откри 10 нови неовластени  корисници на електрична енергија

За една недела ЕВН Македонија комплетираше нови 10 досиеја за неовластено  користење електричната енергија. Новите откриени корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење. Овие корисници како и предходно откриените 35 од почетокот на месец август влегуваат во судска постапка по која ризикуваат покрај високата парична казна да заработат и затворска казна во таење до пет години.

Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица од почетокот на месец  август открија 15 корисници кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа. Откриени се и 30 случаи на манипулирани броила, со што вкупната штета која што ја направиле крадците изнесува 6,5 милони денари или 1 милиони kWh.

Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ќе ги продолжат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Од почетокот на годинава ЕВН Македонија откри 1200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ или крадците потрошиле 20 милони киловатчаса електрична енергија.

Слично

Поврзани вести