Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВН Македонија со пакет програми за поддршка на образовниот процес

ЕВН Македонија со пакет програми за поддршка на образовниот процес

На саемот за вработување и пракса - „Контакт“ кој се одржува на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје, ЕВН Македонија ги презентира отворените програми за практикантска работа и за вработување млади и стручни кадри „Trainees 2015“.

Како и секогаш интересот на студентите е голем за програмите кои им ги овозможува ЕВН Македонија, бидејќи компанијата е веќе препознаена како сигурен и отворен партнер за соработка и развој на кариерата на младите и стручни кадри. Програмите се атрактивни и заинтересираните ќе можат да се пријават за посетување практикантска работа до 31.05.2015 на praktikum@evn.mk , а за „Trainees 2015“ до 30.04.2015 на work@evn.mk .

Минатата година практикантска работа во ЕВН посетувале 57 студенти, 23 беа дел од „Trainees“ програмата. Во моментот ЕВН Македонија стипендира вкупно 14 студенти.

ЕВН Македонија и натаму ќе остане доследна на своите определби да го подржува образовниот процес во земјава и да биде вистинското место каде младите ќе се дообразуваат, остручуваат и ќе ја градат својата професионална кариера.

Слично

Поврзани вести