Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВН Македонија: Ненадејно почина нашиот драг колега Атанас Ковачевски

ЕВН Македонија: Ненадејно почина нашиот драг колега Атанас Ковачевски

– Со огромно жалење информираме дека ненадејно почина нашиот драг колега Атанас Ковачевски. Ковачевски беше дел од компанијата од 2009 година и даде огромен придонес во Одделот за комуникации, обликувајќи ги и пренесувајќи ги информациите од компанијата  на едноставен и разбирлив начин. Портпаролската позиција во компанијата ја водеше со огромна посветеност и темелност.

Ковачевски учествуваше во низа проекти чија цел беше приближување на активностите на компанијата до јавноста, подигнување на транспарентноста и едукација на јавноста на целокупниот енергетски сектор.

Пред да стане дел од тимот за комуникации на ЕВН, Атанас Ковачевски беше долгогодишен спикер и новинар во јавниот сервис МТВ и во Канал 5, а беше познат и како радио водител. И во текот на својата новинарска и водителска кариера остави свој, специфичен печат на секогаш ведар, а истовремено високо одговорен професионалец.

Прераното заминување на Ковачевски е огромна загуба за компанијата, а особено за неговото семејство. Нашиот Атанас ќе ни остане во паметењето како омилен колега, човек со голем дух и огромна професионална посветеност. 

ЕВН Македонија

Слично

Поврзани вести