Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВН Македонија АД Скопје - поддржувач на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија од 2015 година

ЕВН Македонија АД Скопје - поддржувач на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија од 2015 година

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија одбележа 15 години од основањето и 10 години од ТОП 100 настанот, кој веќе стана традиција.

Комората ги штити интересите на компаниите 15 години по ред, помагајќи да се промовираат и создава соодветна средина за развој. Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија веќе три години е институционален партнер на Глобалниот Економски Форум и активно учествува во составувањето на извештајот познат како Глобалниот Индекс на Конкурентноста.

На јубилејниот ТОП 100 настан беа наградени пет компании кои покажаа огромен успех во својата работа во текот на 2019 година. Исто така беа доделени и три специјални награди на компании кои достигнале висок раст и кои имале големи достигнувања во своето работење. За долгогодишното постоење, како и за успешноста на ТОП 100 настанот, голема улога имаат и спонзорите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија. Еден од многуте спонзори е и компанијата ЕВН Македонија АД Скопје, која е членка на Комората од 2015 година.

ЕВН Македонија АД Скопје е енергетска компанија која во нашата држава е присутна од 2006 година, а истата е дел од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН претставува во семејство од голем број на компании кои ги целат истите вредности за одлична услуга и оддржливост. Таа е стабилен партнер на компаниите, со конкурентни и фер цени, а со помош на експертскиот тим на бизнисите им нуди производи кои помагаат за долгорочен раст и флексибилност во работата.

ЕВН управува со 11 мали хидроцентрали кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Просечното годишно производство на електрична енергија изнесува 140 GWh и со тоа производство се опслужуваат околу 20.000 домаќинства. ЕВН во изминатите години инвестираше над 360 милиони евра во подобрување на квалитетот на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и корисничките услуги.

ЕВН е силен поддржувач на 10-те принципи на Глобалниот Договор кои се однесуваат на човековите права, заштита на околината и анти-корупција. ЕВН активно се залага за економскиот и социјалниот напредок на земјата, а како општествено одговорна компанија, големо внимание обрнува на заштитата на животната средина, со тоа што ги следи светските трендови за обновливите извори на енергија, како и развојот на технологиите во оваа област и со тоа обезбедува долгорочен и одржлив успех.

Долгогодишното поддржување на ЕВН Македонија АД Скопје, дополнително помага во зголемувањето на успесите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, како и за унапредувањето на развојните политики.


Слично

Поврзани вести