Еве зошто не треба да лажете при состaвување на CV…
Во кратката биографија никогаш не треба да ставате неточни информации, дури и ако не се однесуваат на работата.
Кандидатите не треба ни да измислуваат вештини кои не ги владејат. Наведувањето на вештини кои реално не ги поседувате имаат спротивен ефект. Така како пример се посочува кандидат за вработување кој своето CV го дополнил со податок дека свири на клавир, иако тоа немало врска со позицијата за која конкурира. Откако било побарано практично да покаже дека знае да свири, тој се извадил со изговор дека има трема и не може да свири. Токму од овие причини се нагласува кандидатите кои бараат работа во својата кратка биографија да не пишуваат вештини кои не ги владејат.
Слично
