Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве во каков луксуз живеат децата на Мугабе

Еве во каков луксуз живеат децата на Мугабе

Децата на сега веќе поранешниот претседател Роберт Мугабе живеат раскошно. 

Злато, часовници „ролекс“, автомобили „ролс-ројс“, патики од Џузепе Заноти од кожа од алигатор вредни 14.000 долари, приватни авиони и егзотични патувања се нивното секојдневие. Диктаторот што владееше со Зимбабве 37 години има четири деца - Бона, Роберт Јуниор, Мишел и Чејтунг Мугабе.

На социјалните мрежи најактивни се Роберт и Чејтунг Мугабе, кои редовно објавуваат фотографии од сите приволегии што ги уживаат, а неретко на нивните објави може да се пронајдат описи како „60.000 долари на рака кога татко ти владее со целата земја!“
Освен Роберт Мугабе, во Хараре се добро познати и сестрите Ванеса и Мишел Чиронга, ќерки на политичарот и могул Филип Чијангва, чиешто богатство се проценува на дури 266 милиони евра.

Сестрите го имаат прекарот „Сестрите Кардашијан од Зимбабве“, а на социјалните мрежи често објавуваат фотографии од своето богатство. Иако буквално пливаат во пари, за себе велат дека живеат „скромно“.

Ванеса се омажила пред две години на Сејшелите, а на своите пријатели на Инстaграм им се пофалила дека потрошила „скромни“ 50.000 долари за 50 гости, бидејќи ако правела свадба во Хараре, би ѝ дошле 9.000 луѓе. Таа има скоро еден милион вреден „ренџ ровер“, но ретко го вози во Зимбабве затоа што дупките на улиците можат да ѝ го оштетат автомобилот. 

Претседателот на Зимбабве,  Роберт Мугабе вчера изјави дека поднесува оставка веднаш и доброволно, за да овозможи непречен трансфер на власта по 37 години владеење.

Слично

Поврзани вести