Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ВИ РАБОТА, ЕВЕ ВИ ПЛАТА САМО ДОЈДЕТЕ: Оваа земја очајно бара работници!

ЕВЕ ВИ РАБОТА, ЕВЕ ВИ ПЛАТА САМО ДОЈДЕТЕ: Оваа земја очајно бара работници!

Иако многумина очајно сакаат да се вработат, некои други така очајнички сакаат да најдат работна сила. Таа потрага доби сега и нова димензија. Се нуди и она што никогаш порано не се нудело-земја.

Продавнца на мешовита стока на еден мал канадски остров примила над илјада пријави за работа бидејќи објавила оглас во кој сопствениците нудат два хектари земја и работа за секој кој сака да се пресели таму.

Огласот објавен по наслов „На преубав остров му требаат луѓе“ го објавила на свој профил на Фејсбук продавницата „Farmer’s Daughter Country Market“ во малиот град Вајкокомаг на островот Кејп Бритон.

Во огласот наведуваат и дека не можат да понудат многу пари, но дека имаат многу земја на располагање. На огласот веќе се пријавиле околу 3 500 луѓе, а условот за добивање на два хектари земја е искуство од работа во продавница од минимум пет години.

„Имаме значајна работа во самото срце на островот. Имаме потенцијал, земја и услови, но немаме луѓе. Ако сте некој кој сака да има мирно секојдневние, можеме да ви понудиме одличен живот...Доколку сте пријателски расположени, сакате да помагате, позитивни сте и имате вештини во прехрамбена индустрија или угостителство, тогаш вие сте тие кои ги бараме“, пишува во огласот.

Понатаму се наведува како популацијата на островот се намалува, но сеедно не сакаат корпоративни работи кои и штетат на околината.

Блумбеерг пишува дека овој потег е обид да се спасат приморските села од умирање. Некогаш богатите рибарски села сега ги бројат на прсти жителите.

Пери Лок е меѓу оние малобројните кои останале. Бил градоначалник, сега води една енергетска компанија, а неговиот син бил последниот запишан ученик во градот на источниот дел на Канада.

После колапсот на ребарството, падот на цената на нафтата и одгромниот долг кој го направила државата, рибарските села, како што се овие се оставени на милост и немилост.

„Тоа е како болест. Кога заедницата се зарази, нема лек. Или ќе се разболиш и научиш да жиееш со тоа или ќе умреш“, рекол Лок.

Овие места се далеку од оној гламур кој го претставува Торонто и неговите големи банки, Ванкувер и неговите недвижнини, Калагари и неговата нафта ... Сепак, сега смислиле шанса да променат нешто. Дали ќе им успее?

Слично

Поврзани вести