Еве што се крие во паричникот на еден милијардер
Многу златни кредитни картички и секако многу банкноти од по 100 долари се очекува да носи во паричникот еден милијардер.
Сепак дали навистина е така е обиде да открие водителот Пирс Морган од телевизијата „CNN“.
Морган го замоли еден од најбогатите луѓе на светот, инвеститорот и магнат Ворет Бафет на јавноста да и ја открие содржината на неговиот паричник.
Американскиот милијардер без размислување од џебот го извади својот 20 години стар паричник и од него извлече една обична зелена кредитна картичка „ American Express“.
Ја имам од далечната 1964 година, многу си одговара со мојот мобилен телефон изјави во шега Бафет, кој потоа од паричникот ја извади фотографијата од семејството и покажа дека во него има неколку банкноти од по 100 долари.
Милијардерот Бафет покажа дека неговиот паричник не се разликува многу од паричниците на обичните луѓе.
Слично
