Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве шанса: „Туркиш ерлајнс“ бара 500 пилоти

Еве шанса: „Туркиш ерлајнс“ бара 500 пилоти

Авио компанијата „Туркиш ерлајнс“ има намера оваа година да вработи 500 странски пилоти и 2000 лица за пресонал, со цел да се задоволат потребите на брзиот раст.

„Потребно е најмалку шест години да еден копилот стане пилот“, објасни и вели генералниот директор на компанијата Темел Котил.

Тој додал дека училишта во Туција ги задоволуваат нивните потреби за копилоти, но не и за пилоти така што овие кадри ќе мора да ги побараат во странство.

Овој авио превозник, во кој турската влада учествува со 49 % од капиталот, последните неколку години бележи силен раст со амбиција да биде во конкуренција со најуспешните компании во Персискиот залив, „Етихад и Катар ервејс“.

Во минатата година „Туркиш ерлајнс“ извршил транспорт на 54,7 милиони патници, што е за 13,3 одсто повеќе од 2013 година.

Распространет е на 261 аеродроми во 107 земји во светот и во 2014 година, четврта година по ред, беше прогласен за најдобра авиокомпанија во Европа.

„Оваа година уште повеќе ќе се зголеми фреквенцијата на нашите летови и бројот на дестинации“ изјави Котил, нагласувајќи дека нивниот приоритет е на африканскиот континент, кој во 2015 година се планира да има осум нови дестинации.

Слично

Поврзани вести