Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве кои се знаците дека некој ви го прислушува телефонот

Еве кои се знаците дека некој ви го прислушува телефонот

Во денешното современо општество со високо развиена технологија лесно е да се следи нечиј телефон, особено смартфон. Еве како да знаете дали некој ви го прислушува телефонот. Ова се главните „симптоми" :

1. Батеријата се троши брзо

Ако телефонот го полните почесто од обично, тоа е знак дека некој можеби ве прислушува. Кога телефонот се прислушкува, батеријата се троши многу брзо. Прислушкуваните мобилни телефони непрекинато бележат разговори во својата околина дури и ако изгледа дека се во состојба на мирување.

Сепак овој знак немојте да го земате „здраво за готово", бидејќи како старее телефонот така се намалува и капацитетот на батеријата.

2. Шумови

Кога разговарате, прислушкуваниот телефон може да испушта звуци и позадински шумови, нешто како ехо, електрични празнења, кликови.

3. Чудна активност

Друг знак дека можеби ве прислушуваат може да биде ако на телефонот „чудно се однесува", односно ако сам од себе отвора некои апликации или сам се исклучува.

4.Пречки

Ако го користите својот мобилен телефон во непосредна близина на други електронски уреди (на пример телевизор) и тој предизвикува пречки, тоа може да биде последица на присуство на други уреди во куќиштето на мобилниот телефон. Во повеќето случаи пречките се нормални, но ако се случуваат во момент кога не го користите телефонот, тоа навистина може да значи дека сте прислушкувани.

Слично

Поврзани вести