Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве кои летови се откажани или пренасочени од скопскиот аеродром!

Еве кои летови се откажани или пренасочени од скопскиот аеродром!

Иако поради маглата аеродромот „Александар Велики“ не е целосно затворен, распоредот на вчерашните и денешните летови е променет, соопштија попладнево од „ТАВ холдинг“.

Оттаму очекуваат видливоста да се подобри, а информираат и дека авионите на Флајдубаи на релација Дубаи - Скопје и на Туркиш Ерлајнс на релација Истанбул – Скопје успешно слетале на аеродромот во Скопје околу 13 часот.

Поради временските услови, денеска беа одложени или пренасочени кон други аеродроми повеќе летови.

Летот на Аустријан Ерлајнс  на релацијата Виена - Скопје предвиден за 00:05 ноќеска е пренасочен кон  аеродромот во Виена, а е откажан летот на таа авиокомпанија од Скопје  кон Виена што требаше да се реализира во 04:30. Исто така e откажан Виена – Скопје - Виена  (11:50/12:40). Откажани се и летовите Скопје-Љубљана (01:20/04:45) на Адрија Ервејс и Скопје - Загреб (05:50) на Кроација ерлајнс. „Croatia Airlines“ OU367 Скопје - Загреб 05:50. Летот на Виз Ер Милано Бергамо - Скопје (10:35) е пренасочен кон аеродромот во Софија. Не се реализираше и летот на Виз Ее, Скопје- Меминген/Минхен Запад (10:35).

Според соопштението од ТАВ, вчера се откажани или пренасочени летовите на релациите  Љубљана - Скопје (15:00), Цирих - Скопје (15:20), Истанбул - Скопје (19:50), Скопје - Истанбул (20:45), Белград – Скопје- Белград (22:40/06:00) Загреб - Скопје (22:45).

Слично

Поврзани вести