Evapify Македонија официјално ја отвори својата прва поп-ап продавница
Во саботата на 18 ноември, компанијата Evapify Македонија официјално ја отвори својата прва поп-ап продавница во Скопје, лоцирана во„ Ramstore Mall“. Отворањето беше проследено со многу забава, „live“настап, гости беа посетителите на трговскиот центар, соработници на„Evapify“како и вработените.
Официјалното отворање на поп-ап продавницата во Ramstore Mall претставува значаен момент за компанијата Evapify во Македонија и брендот на врвни „вејпови CRYSTAL“. Клиентите сега ќе имаат можност да ги запознаат и испробаат најновите премиум модели и вкусови кои што се за прв пат достапни на пазарот.

„Отворањето на првата продавница на Evapify во Македонија означува важна одредница во развојот на компанијата на македонскиот пазар. По покривањето на целата територија на државата преку малопродажните објекти во следниот период ќе се осврнеме на обезбедување максимално задоволство и врвно искуство за нашите потрошувачи. Во иднина може да се очекуваат и останатите брендови од нашето глобално портфолио“ – изјави Генералниот Директор на „Evapify Македонија“, Валентино Митровиќ.

Посетителите кои беа дел од овој настан допринесоа со својата енергија и стил, додавајќи уште дополнителна возбуда на овој настан.
Evapify Македонија го изразува своето задоволство што има можност да ги понуди своите квалитетни услуги на локалниот пазар преку оваа нова „поп-ап“ продавница. Овој чекор во развојот ја потврдува посветеноста на брендот кон своите клиенти, македонскиот пазар и континуираното усовршување на искуството на корисниците. Сите потенцијални посетители на продавницата ќе можат да уживаат во најновите вкусови, како и специјални понуди со попусти и подароци единствено во „Ramstore Mall“во следниот период.

За повеќе информации и најнови понуди, посетете ја поп-ап продавницата на „Evapify“ во „Ramstore Mall“ во Скопје.

ЗаEVAPIFY:
Evapify е лидер во индустријата на вејпови, е-цигари, посветен на креирање на врвни производи, вкусови и обезбедување најдобро искуство на своите клиенти. Со постојан фокус на иновација и квалитет, Evapify се стреми кон задоволување на потребите на своите клиенти како предводник во индустријата.ПР објава
