Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евакуирани четири фамилии – се влошува состојбата со Слатинска брана

Евакуирани четири фамилии – се влошува состојбата со Слатинска брана
Според последните информации, фамилии од четири куќи вечерва биле евакуирани поради влошување на состојбата со оштетувањето на Слатинска брана. Иако надлежните претходно се надеваа дека ситуацијата ја имаат под контрола и ќе можат изутрина да ги санираат оштетувањата, сепак доцна вечерва состојбата се променила. Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и ја следат ситуацијата со истекувањето на Слатинската брана и се во состојба веднаш да интервенираат ако за тоа има потреба, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување.
Слично

Поврзани вести