Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУРОСТАТ: Освен Лондон, кои се најскапите градови?

ЕУРОСТАТ: Освен Лондон, кои се најскапите градови?

Истражување на Еуростат покажа дека животот е најскап во Лондон, кој доби 166,9 бодови. Високите трошоци за живот се последица на високите кирии и скапиот јавен превоз. Просечната цена на квадрат станбен простор во Лондон изнесува околу 10.500 евра.

Трошоците за живот во европските престолнини се споредувани со Брисел и Луксембург, кои добија по 100 бодови. 

Копенхаген на второто место има 131,8 бодови, Стокхолм на третото место има 127,9 бодови, а Хелсинки е на четврто место  и има 119,7 бодови. Загреб во тоа истражување доби 74,6 бодови. Тој е нешто поскап од Прага со 73,4 бодови, а поевтин од Љубљана со 81,2 бодови.


Слично

Поврзани вести