Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Еуромонитор“: Oва се градови и земји кои ги мамат туристите

„Еуромонитор“: Oва се градови и земји кои ги мамат туристите

Градот Ерусалим е најбрзорастечки град во светот на полето на туризмот. 

Годинава имал 4,8 милиони туристи, покажуваат податоците на „Еуромонитор“. 

Најпосетуваната дестинација во светот е Хонг Конг, која од почетокот на годинава ја посетиле повеќе од 29 милиони туристи.

Во топ 10 градови во светот годинава се и Бангкок, Лондон, Сингапур, Макао, Париз, Дубаи, Њујорк, Куала Лумпур и Шенжен.

На листата за 100 најпопуларни дестинации скоро половина се наоѓаат во Азија.

Јапонија и Индија се издвоиле како повеќе растечки дестинации за туристи, па Осака и Чибе забележале дури 45 проценти повеќе туристи од лани, а Делхи и Мумбаи за 20 проценти повеќе.

Ако споредиме со претходните години, некои дестинации ја зголемуваат својата популарност.  Лани беше наведено дека луѓето патуваат повеќе од било кога, а два азиски градови имаа рекроден број на посетители. Седум години по ред прв беше градот Хонг Конг. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести