Еуролинк: Отсега осигурителни полиси ќе може да се купуваат и од дома!
Осигурителната компанија Еуролинк, која месецов го слави својот јубилеен 10-ти роденден, започнува со промоција на иновативната услуга веб продажба на осигурителни полиси, како и со повеќе настани за своите вработени и клиенти по повод роденденот. Со новата е-полиса, граѓаните во Македонија за првпат, од дома ќе им може да купат осигурителни полиси преку интернет.
„Со воведување веб продажба во осигурителниот сектор во Република Македонија, Еуролинк осигурување одговара на динамичниот начин на живеење на клиентите и на љубителите на интернет купувањето. Како современа финансиска институција, достигнувањата во дигиталната технологија во континуитет ги применуваме во полза на осигурениците. Воведувањето на веб продажбата всушност претставува проширување на веќе воспоставената интернет продажба, овозможена за нашите надворешни дистрибутивни канали. Воедно, се заокружува 24-часовната поддршка, која како концепт Еуролинк го воведе на пазарот на осигурување во земјата уште во 2009 година.” - изјави м-р Александра Наќева Ружин, извршен директор на Еуролинк осигурување.
Услугата е-полиса e овозможена преку веб страницата на Еуролинк, а клиентите во првата фаза од овој проект можат да договорат осигурување за патување во странство, како и обнова на каско полиси и на полиси за домаќинско осигурување. Плаќањето се одвива по пат на платежни картички, а по успешно извршената процедура на плаќање, на мејл адресата на купувачот пристигнува полисата за осигурување со што осигурувањето е склучено. Еуролинк во моментов се наоѓа на второто место на пазарот на осигурување во Македонија.
Слично
