Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еуролинк осигурување како дел од Алумни зедницата на Правниот факултет

Еуролинк осигурување како дел од Алумни зедницата на Правниот факултет

Во вторникот во просториите на Правниот факултет„Јустинијан Први“ при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје првпат се одржа донаторска забава на алумни-заедницата и заедницата на пријатели на Факултетот.

Донаторската забава беше наменета за собирање средства за модернизирање на студентските простории: читалницата, амфитеатрите, предавалните, сèво интерес на унапредување на условите за работа на сегашните и идните генерации студенти.

Над сто поранешни студенти на Правниот факултет, а сега веќе носители на политички функции, истакнати адвокати, нотари и извршители, успешни менаџери во приватниот сектор, се собраа на оваа забава за несебично да ја дадат својата поддршка во унапредување на условите за студирањето на сегашните и идни студенти, но и да се навратат на безгрижните студентски денови.

„Еуролинк осигурување“ какоистакнат поддржувач на образованието ја даде својата поддршка со 900.000 денари, додека претседателот на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“,г-ѓа Олга Костовска, лично донира 300.000 денари.

Слично

Поврзани вести