Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе расправа за враќање на визите за Македонија

ЕУ ќе расправа за враќање на визите за Македонија
Идната недела Европската Унија ќе го стави на дневен ред  прашањето за воведување на визни ограничувања од времен карактер за државјавите од земјите на Западен Балкан. Како што пишува весникот „Еу-обсервер“, ќе се разговара за визни ограничувања во Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Весникот додава и дека веќе има прелиминарен договор со претставниците на земјите-членки од ЕУ направен од страна на преговарачот од Европарламентот, Аугустин Диас де Мер. Властите на земјите-членки на Унијата исто така на состанокот треба да ги разгледаат предлозите од страна на Европскиот парламент, па доколку бидат прифатени, гласањето за овој предлог-закон ќе се изврши во септември, пишува  „Еу-обсервер“
Слично

Поврзани вести