Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 во Охрид на 6 и 7 јуни

ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 во Охрид на 6 и 7 јуни

На 6 и 7 јули покрај Билјанините извори во Охрид, Македонска триатлон федерација и локалниот организатор “Спорт за сите, сите за спорт” ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019. Настанот е под покровителство Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт, и Македонскиот олимписки комитет, помогнат од Сојуз на спортови на МК како и МВР на РСМ.

„Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори. Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули (23:59:59) на https://www.smartrace.club. За сите што ќе се регистрираат заклучно со 20 јуни, во стартниот пакет ќе има и маица.“, порачува Иван Михајловски, Претседател на Македонска триатлон федерација.

Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.

На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст:

*Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

*Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

•1.категорија - родени 2003-1990г.(29-годинии и помлади)

•2.категорија - родени 1989-1980г.(30-39 години)

•3.категорија - родени 1979-1970г.(40-49 години)

•4.категорија - родени 1969г. (50+ години)

*Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање

*Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање

*Деца 1 (2011 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање

Целосната програма на двата натпревари е:

Програма

Сабота, 6.јули:

•10:00-14:00 - Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa

•13:00 – Запознавање со велосипедската патека

•14:00 – Запознавање со пливачката патека

•16:00-20:00 - Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa

•17:00-17:45 – Брифинг за кадетската и детските трки

•17:45-18:30 – Брифинг за јуниорската трка од ETU Triathlon Junior European cup конкуренција

•18:30 -19:15- Брифинг за сениорската и трката за рекреативци

Недела, 7.јули:

•08:00 - Старт : Сениори и Рекреативци

•10:30 - Старт : Детски трки

•11:45 - Старт : Кадети

•14:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – женска конкренција

•17:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – машка конкренција

За сите подетални информации, посетете го:

https://www.facebook.com/events/2323853824343520/


Слично

Поврзани вести