ЕСТРАДНИ ВЕНЧАВКИ, РАЗДЕЛБИ И ПРИНОВИ ВО 2017: Повеќе свадби и бебиња од разводи
Годинава што изминува беше љубовна година за многу од нашите јавни личности. Во втората половина од годината, се омажија три наши познати поп – пејачки, а во февруари двајца пејачи станаа татковци. Имаше и весели свадби на фолк пејачи, спортисти, актери. 2017 година ќе биде запаметена како година на многу бебиња на естрадата, а многу малку разделби и разводи. Женски магазин направи куса ретроспектива, кој оваа година се омажи и ожени, кој се разведе или ја прекина долгогодишната љубов, и чиј дом е побогат за уште еден член.
СВАДБИ
Димитар на мотор по Сара
о септември имаше дури две естрадни свадби, едната на поп-пејачката и харфистка Сара Мејс со водителот Димитар Атанасовски, а другата на Каролина Гочева и уметникот Михаил Корубин. Сара и Димитар се свршија минатото лето во август на плажа во Грција. Една година подоцна, на истата дата се венчаа во црква, а на почетокот од септември направија свадба за семејството и за пријателите. Младоженецот отиде по невестата качен на мотор, а пак таа го пречека во уникатна невестинска креација. На социјалните мрежи се споделуваше оригиналниот прв свадбен танц на Сара и на Димитар за кој тие смислија посебна кореографија. И двајцата имаат искуство со танцот како учесници во шоуто „Танц со ѕвездите“.
Слично
