Економија, финансии, бизнис

Контакт

Есенско чистење на Карпош

Есенско чистење на Карпош
Општинарите од Карпош денеска спроведоа голема есенска акција за чистење на отпадот од територијата на општината. Распоредени на 10 различни локации , околу 150 административци  собираа отпадоци, лисја, искршени гранки во тревнатите површини, по улиците, околу зградите и во другите делови од урбаните заедници. Акцијата се одржува по повод 37 роденден на локалната самоуправа. Всушност станува збор за традиционална еколошка акција, која оваа општина редовно ја реализира секоја година, во рамките на деновите на Карпош.
Слично

Поврзани вести