Есенски саем на Мебел Булевар со промотивни цени и огромни попусти
На Мебел Булевар ќе има голем број есенски попусти и промоции за сите оние кои го реновираат својот дом или планираат да внесат нешто ново и уникатно во него. На булеварот "Борис Трајковски" или попознат како Мебел Булевар ќе се одржи Есенски саем на мебел што ќе започне од 25 септември а ќе трае до 4 октомври, оваа година. Како дел од овој настан, повеќето салони и продавници за мебел ќе овозможат саемски попусти од 20 до 40 отсто што е одлична можност за сите заинтересирани да дојдат, разгледаат и си купат нешто ново по промотивна цена.
„Овој период од годината е генерално период на реновирање и уредување на домовите па затоа ние, компаниите, што се наоѓаме на оваа улица решивме да излеземе во пресрет на граѓаните и организираме саемски попусти со цел да ги задоволиме потребите и желбите на потрошувачите“, изјави Тони Божиновски, директор на компанијата Технокооп.
На Мебел Булевар се наоѓаат познатите компаниите за мебел како што се Технокооп, Ото Мебел Маркет, Канапе, Карат, Кристина Дамил, Мебел Ви, Треска и Мондиви кои сите заедно се простираат на површина поголема од 20 000 метри квадратни.

