Есенската сеидба неизвесна заради поројните дождови
Есенската сеидба во најголемата житница на Македонија - Пелагонија е неизвесна заради поројните дождови, кои не дозволуваат да започне сеењето на посевите.
Земјоделците велат дека заради дождовите и неисчистените канали, целата вода се излева во полето, во кое никако не може да се влезе со земјоделска механизација.
„Јас 40 години се занимавам со земјоделство, ама ваква есен не сум доживеал. Ако се подобрат временските услови, може да се надеваме да продолжиме со сеидба, но ако не - она што остана непосеано ќе биде јалова земја. Не очекува тешка година“, вели лидерот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров.
Надлежните очекуваат и до 50% пониски приноси доколку временските услови останат вакви. Ова е една од најтешките сеидбе во пелагонискиот крај, а ако дождовите не престанат наскоро спасот ќе се чека дури напролет.
Слично
