Епл создава Ајфон отпорен на кршење
Епл работи на систем кој ќе ги штити Ајфон-от од оштетувања како резултат на пад.
Компанијата испрати барање за патент со наслов „Заштитен механизам за електронски уред" во американскиот Завод за патентирање.
Станува збор за механизам кој треба да се активира кога корисникот случајно ќе го испушти уредот и колку што е можно ќе го заштити од кршење и расипување. Механизмот би требало да го сврти телефонот при пад од заштитената страна, така што нема да дозволи да се скрши екранот.
Сензорите треба да соберат податоци кои ќе бидат обработени од страна на процесорот, па кога телефонот ќе почне да паѓа, ќе се активира механизам што требало да ја промени ориентацијата на уредот или да го заштити на некој друг начин.
Сепак од компанијата не сооштуваaт до каде е стигнат процесот во пронаоѓање на ваков механизам, а сериското производство на Ајфонот отпорен на кршење сеуште е само желба на корисниците.
Слично
