Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епл ќе врши бесплатно заменување на батерии на iPhone 5 телефони

Епл ќе врши бесплатно заменување на батерии на iPhone 5 телефони
Доколку имате проблеми со батеријата на  iPhone 5 телефонот и доколку се наоѓате во некоја од земјите кои се опфатени со оваа програма, Епл бесплатно ќе ви ја замени бавната батерија. Епл откри дека мала група на  iPhone 5 телефони има проблем со батеријата, која ќе биде бесплатно заменета доколку се пријавите на програмот за замена по пат на сајтот на Епл. Програмот засега е покренат во Америка и Кина а од 29 август ќе започне и во другите земји. За да дознаете дали може да добиете бесплатна замена на батеријата, доволно е да го внесете серискиот број на  iPhone 5 телефонот на овој линк. Овој проблем не е забележан кај iPhone 5S и iPhone 5C телефоните. Единствениот проблем е во тоа што Епл нема да ги менува батериите на телефони кои имаат скршен екран или друго оштетување, што може да се разбере, со оглед на тоа дека е потребно да се тргне екранот за да се дојде до батеријата, но добрата вест е тоа што Епл неодамна почна да ги менува скршените екрани во своите продавници, иако оваа интервенција секако треба да се плати.  
Слично

Поврзани вести