Епл ќе вреди билион долари
Експериментирањето на ЕПЛ со развојот на автомобилската технологија би можел да допринесе на растот на компанијата од сегашните 750 милијарди на дури еден билион долари.
Во врска со тоа, „Морган Стенли“ банката ја зголемила целната цена на акциите на ЕПЛ за 30 долари по акција, бидејќи во претходната анализа не е земена предвид развојната шанса со автомобилската технологија, велат експерти од брокерската куќа Пруденс Кепитал.
Иако ЕПЛ уште официјално не потврдил дека планира да развие сопствен автомобил, според некои информации наголемо вработува авто експерти, вклучувајќи и поранешни работници од Тесла моторс. Според тие извештаи, ЕПЛ го развил и тајниот тим на експерти кои работат на инвестиции во авто технологијата.
Системот „Кар плеј“ е базиран на iOS оперативниот систем, кој ги поврзува апликациите со Ајфон телефони на „тачскрин“ панел во возилата веќе е вметнат во неколку модели на автомобили оваа година, па поради тоа аналитичарите од „Морган Стенли“ го сметаат за природно тие иновации да се прошират на остатокот од ентериерот, посебно во технологијата на новите возила без возачи.
Во моментот ЕПЛ, со 39,5 милијарди долари, претставува компанија со највисока нето добивка на светот, потсетуваат од Пруденс.
