Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПЛ ја запре продажбата на своите производи во Русија поради падот на рубљата!

ЕПЛ ја запре продажбата на своите производи во Русија поради падот на рубљата!

Американскиот технолошки гигант ЕПЛ соопшти денеска дека ја запира онлајн продажбата на своите производи во Русија, бидејќи вредноста на рубљата е премногу колеблива како би се утврдиле нивните цени, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Од тие причини, ЕПЛ, ја запре продажбата на ајфони, ајпади, и други производи во Русија, само ден откако следеше слободен пад на руската рубља.

Рубљата, како што потсетува британскиот сервис, во оваа недела изгубила преку 20 одсто од својата вредност, и покрај драстичната одлука на централната банка на Русија да ја покрене референтната каматна стапка од 10,5 на 17 одсто.

Рубљата рано утрово изгубила пет одсто од вредноста, па за еден долар требало 71 рубља, што било историски минимум.

ЕПЛ минатиот месец ги зголеми цените на своите производи во Русија за 20 одсто, откако слабеењето на рубљата ги направи Епловите производи во Русија поефтини отколку во Европа.

Слично

Поврзани вести