ЕМБАРГО КАКО БЛАГОСЛОВ: Русија повеќе заработува од храна отколку од нафта и оружје
Благодарение на ембаргото на увозот на прехрамнеби производи, големите субвенции и слабата рубља, некои земјоделски гранки во Русија почнале да донесуваат поголем профит отколку производството на нафта и продажба на оружје пишува Блумберг.
Државата активно го стимулира развојот на руски земјоделски компании. Конкретно, претприемачката група „Русагро“ минатата година добиле субвенции во висина од околу 41 милион евра. Како резултат на тоа, неговите показатели и нето добивка биле поголеми во однос на таквите нафтени гиганти како што е „Лукоил“.
Успехот на руските земјоделци објаснува дека со тоа владата во последно време планира да ја намали зависноста на Русија од надворешниот пазар. Освен тоа, значаен поттик на индустријата дал и судирот на Москва со Анкара и делумната забрана на увоз на турски производи, која станала „благослов за земјоделските произведувачи“, наведува Блумберг.
Главно достигнување на руските производни стратегии се рекордните показатели за продажба на житарици. Русија ги надмина САД и оваа година стана најголем извозник на пченица. Овој значаен настан е следен од високи приноси на пченка, ориз, соја и хелјда. Вишокот на жито заедно со слабата рубља довеле до тоа приходот од извоз на храна да биде повисок од продажбата на оружје.
Освен тоа, со зголемениот извоз значајно се намалил увозот. Од 2013 година Русија го намалила купувањето на странски прехрамбени производи за околу 40 одсто.
Русија придава и огромен значај на намалување на зависноста од странски производи и успешно ја претвора наизглед умирачката гранка во важен извор на економски раст и стабилно вработување.
