Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛКОЛЕКТ СОВЕТ-Да се подготвиме да даруваме и примиме на подарок електричен или електронски апарат

ЕЛКОЛЕКТ СОВЕТ-Да се подготвиме да даруваме и примиме на подарок електричен или електронски апарат

·  Подгответе го домот за нов електричен или електронски апарат

·  Однесете ги дотрајаните стари уреди во Елколект магацините низ РМ

·  За жителите од 5 општини е во тек наградната "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"

Нова Година е период за дарување. Во барање на идеалниот подарок, на врвот на списокот се корисни електрични или електронски уреди, како и играчки за деца на батерии. Во списокот на  желби до Дедо Мраз, предничат  телевизор, компјутер, видео или аудио опрема, мобилен телефон и други апарати на струја или на батерии. Ова е време на годината кога најмногу се купува нова технологија и мали куќни апарати.

Елколект потсетува на потребата да го ослободите домот од старите и дотрајани електрични и електронски уреди за да се направи простор за нови. Ослободувањето од опасниот отпад согласно законот треба да е на дозволени места со кои управуваат лиценцирани колективни постапувачи со електрична и електронска опрема, како што е Елколект.

Токму во овој убав претпразничен период се одвива и  наградната игра на Елколект во пет општини, преку која се наградуваат совесните граѓани кои во еко магацинот на Елколект ќе го остават својот електричен и електронски отпад.

"ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" е името на наградната игра која од 28ми ноември до 26ти декември 2016та, Елколект ја организира во соработка со општините: Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија.

За оваа цел Елколект обезбеди по три вредни награди за секоја општина, или вкупен награден фонд од 5 HP лаптопи,5 телевизори Hyundailedsmart и 5 правосмукалки Горење.

Извлекувањето на наградените, во оптштините Ѓорче Петров и во Берово, ќе се реализира на 19ти декември,  во општина Карпош на 24ти декември а во општините Богданци и Гевгелија, на 26ти декември.

Според правилата на наградната игра, потенцијален добитник на награда е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, во неговата општина, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект.

Локации на еко магацините на Елколект во општините каде се одвива наградната игра

"ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"

  1. Во општина Ѓорче Петров - во  дворот на Општина и  кај забавното игралиште пред мостот кон Волково, 
  1. Во Берово – кај градскиот пазар
  2. Во општина Карпош – кај ОУ Петар Поп Арсов и ОУ Војдан Чернодрински
  3. Во Богданци - на Ул.Маршал Тито бр.52 
  4. Во Гевгелија - на ул.Моински Пат бр.67  и ул.Ѓорѓи Митров бб

Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од опасниот отпад и да станат потенцијални добитници на награди. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје. 

Слично

Поврзани вести