Економија, финансии, бизнис

Контакт

Елена Михајлоска Димоска: Со кампањата WE(BENE)FIT ги претставуваме нашите Singular вредности

Елена Михајлоска Димоска: Со кампањата WE(BENE)FIT ги претставуваме нашите Singular вредности

Во нашата приказна има една клучна нишка која се провлекува без разлика дали зборуваме за продукт, за флексибилен софтвер или за моќна технологија. Колку и да звучи како клише, според мене клучна компонента на успехот се луѓето, вели Елена Михајлоска Димоска, Head of Communications and Employer Brand во софтверската компанија Singular која има канцеларии и во Малта и Грузија. Таа е дел од тимот веќе 7 години и посочува дека е среќна дека уште од самиот почеток на кариерата е дел од динамична индустрија каде била изложена на различни аспекти од маркетинг полето.

Какви беа почетоците во Singular и како течеше вашиот професионален развој во компанијата?

Станав дел од тимот на Singular во 2016 година како креатор на содржини за сите дигитални платформи на компанијата. Ова беше воедно и мое прво вработување во ИТ секторот и прво запознавање со техничката терминологија од ова поле. Почетокот за мене беше време на спознавање на агилните методологии на работа, како и изучување на различни алатки и програми кои се користеа во компанијата. Како што се стекнував со пошироко искуство и ги развивав своите вештини, преминав на позицијата Digital Platforms Manager која бараше концептуален пристап кон работата и многу поголема одговорност.

Постепено го осознавав и самото продуктно портфолио и сите функционалности на софтверот што го прават Singular конкурентен на глобално ниво. Како што компанијата растеше, добив можност да работам на развој на стратегии и маркетинг за самиот продукт што креираше можности да се стекнам со меѓународно искуство во индустријата. Сепак, дури и во овој период кога мој фокус е продукт маркетинг, неизбежно е да зборуваме за креаторите на софтверот.

‘The people behind the software’ беше една од моите први реализирани содржини уште пред седум години. Од таму почна сè. Споделување на овој дел од приказната за Singular ми остана омилен дел од мојата работа како и комуникацијата со колегите и запознавање со нивната динамика и перспектива. Сепак, позицијата Head of Communications and Employer Brand опфаќа многу повеќе од креирање на содржини, пишан збор и комуникација, но суштината е иста. Заедно со мојот тим напорно се трудиме што поавтентично да ја пренесеме Singular сторијата од гледна точка на колегите и да им го дадеме вниманието и просторот кој го заслужуваат. 

Каде се гледате себеси во рамки на Singular културата на работа?

Флексибилност е збор што се користи доста често во ИТ индустрија. Флексибилни работни часови, флексибилна култура итн ... Но, што тоа значи? За мене лично суштината е во градењето на доверба меѓу компанијата и вработените. Низ годините со Singular дефинитивно имам чувство дека градиме однос базиран на доверба во една флексибилна рамка на секојдневното функционирање. Тоа од една страна ми дава можност да направам некои мали промени во текот на денот кои ќе ме ослободат од непотребни стресови. Од друга страна, таа доверба ми дава поголемо чувство на одговорност и мотивација за постигнување на поголеми резултати и преземање на иницијативи за поамбициозни проекти. Таа храброст доаѓа баш од таа релација на доверба која ми дава сигурност дека работам во средина која охрабрува поинаков начин на размислување и отворено споделување на идеи.

Компанијата е дел од Flutter International. Како тоа влијае на атмосферата во Singular, работното опкружување и професионалниот развој на вработените?

Flutter International внимателно ги одбира брендовите во својата дивизија барајќи компатибилност како во техничкиот дел, така и во компаниската култура и агилниот начин на работа. Од една страна, станувањето дел од Flutter International претставува највисоко признание за квалитетот на испорачаниот производ, креативниот капацитет на тимот, како и техничката подготвеност на секој член. Но, она што е подеднакво важно е потврдата за култура базирана на доверба во која индивидуата има можност за професионален и личен развој.

Flutter Entertainment, родителска компанијата на глобално ниво се залага за креирање на средина која ќе има позитивен импакт не само на вработените, туку и на заедниците кои ги опслужува и локациите во кои е оперативен. Flutter како лидер во индустријата за спортско обложување и гејминг преку глобалната иницијатива за одржливост под името - Positive Impact Plan - вложува напори да има позитивен импакт врз индустријата. Еден од клучните столбови на планот е Work Better која им дава централно место на вработените и вложува  во градење на култура која е во хармонија со духот на Singular.

Flutter International во таа насока само ги зајакна нашите напори преку различни бенефити кои во овој период ги комуницираме преку кампањата WE (BENE)FIT. Но, исто така, отвори нови можности за раст и развој на вработените преку интерни настани од глобален карактер, како и бројни онлајн и хибридни обуки и тренинзи. Сето ова е овозможено преку глобалната иницијатива Flutter Edge за размена на знаење меѓу брендовите.


Во моментов сте фокусирани на кампањата WE (BENE)FIT. Што ве мотивираше да ја почнете оваа приказна и како слоганот е во корелација со компанијата?

Темата за бенефит пакетите секогаш преминува во тема за тоа колку и како секој бенефит соодвествува на интересите и потребите на луѓето во компанијата. Не се работи за олеснување на секојдневието, туку за подобрување на квалитетот на животот односно за повеќе можности, опции и поголем избор. А, клучниот момент е компатибилноста, односно дали сме компатибилни или do we fit на англиски. Верувам дека секој член од тимот има различно гледиште на тоа зошто е дел од Singular и токму тоа е целта на кампањата. WE (BENE)FIT е платформа преку која се обидуваме да ја раскажеме приказната за Singular од различни перспективи на вработените. Нивното зошто и затоа. Дополнително, WE (BENE)FIT е платформа каде колегите ќе може да се покажат во едно друго светло и да споделат дел од своите пасии, интереси и вештини кои се надвор од описот на работното место. Силно верувам дека токму тие моменти поминати правејќи нешто во кое уживаме се моментите кога нашата креативност и фокус растат и неминовно се пренесуваат во нашата кариера. 

ПР објава

Слично

Поврзани вести